Бред Пит наскоро би можеш да застане пред олтарот по 3 пат: Дали актерот повторно би менувал и пелени?

Точка

12/07/2025

20:01

892

Големина на фонт

а а а

Љубовната приказна помеѓу Инес де Рамон и Бред Пит привлече големо внимание на јавноста последниве месеци, а сè повеќе се зборува за брак и за деца.

Бред Пит со години има многу лош однос со своите деца. Повеќето од децата од бракот со Анџелина Џоли се дистанцираа од него, а некои дури и официјално го отфрлија неговото презиме од своите имиња. Сепак, Бред Пит би можел повторно да ја доживее магијата на родителството.

Како што откри извор за „RadarOnline“, Инес де Рамон би сакала да основа семејство со холивудската легенда.


Инес де Рамон е подготвена да оди чекор понатаму.

„Таа навистина го сака Бред Пит и би сакала да има дете со него, но само ако тој е спремен да се ожени со неа. Тој треба да ѝ покаже дека се грижи за неа“, рече изворот, додавајќи дека Инес понекогаш е загрижена дека Пит не се грижи доволно за нивната врска и за нивната иднина.

Иако емоциите се искрени, Бред понекогаш изгледа премногу лежерно кога станува збор за врската, поради што Инес почнува да се грижи бидејќи е уморна од тоа да биде во сенка на Анџелина Џоли, открива изворот.