Поранешната уредничка на „модната библија“ е една од најголемите обожавателки на тенисот во светот на славните, па затоа не изненадува што таа беше меѓу првите кои пристигнаа на полуфиналните натпревари на Вимблдон.
Меѓу навивачите на Новак Ѓоковиќ има многу познати личности, а една од најголемите ѕвезди кои го бодреа српскиот тенисер на гренд слем турнирите е дефинитивно Ана Винтур, која неодамна одлучи да се повлече од позицијата уредничка на американското издание на списанието „Vogue“ по 37 години.
Токму таа беше меѓу првите познати „фаци“ кои пристигнаа на 12-тиот ден од Вимблдон, за да го гледаат полуфиналниот натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.
Винтур е позната како голема љубителка на тенисот, а познато е дека порано го поддржувала Федерер, но во меѓувреме изградила одличен однос со Ѓоковиќ, статистички најуспешниот тенисер во историјата како и со неговата сопруга Јелена.
Минатата година, модната новинарка ги следеше настапите на Новак на Олимписките игри во Париз, а претходно се дружела со семејството Ѓоковиќ на коктел забава во парискиот хотел „Рик“. Покрај тоа Новак и Јелена биле во друштво на госпоѓа Винтур и на церемонијата „Вовед во Париските игри“, која ја организирала фондацијата Луј Витон пред почетокот на Олимписките игри.
Сепак, пријателството на семејството Ѓоковиќ со Ана Винтур трае многу подолго. Имено првиот пат кога британската новинарка го гледала Србинот во живо бил во 2007 година, кога играл против нејзиниот тогашен фаворит Федерер на УС Опен.
Како што минуваа годините, често ја гледавме на натпреварите на Новак, а во 2012 година таа присуствувала на свечена вечера организирана од Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ во Њујорк, каде што тенисерот собрал дури 1,4 милиони долари за децата во Србија.
Винтур беше гостинка на Ноле и во 2012 година, кога биле собрани 2,5 милиони за децата од Србија, а потоа и на добротворна вечера во Милано во 2016 година.
Потоа почнавме сè почесто да ја гледаме во ложата на Новак Ѓоковиќ, а секој пат кога Јелена и Ана Винтур ќе се сретнат има прегратки, бакнежи и пријателски разговори.
Ана Винтур ја воведе Јелена Ѓоковиќ во „Vogue“
Јелена, сопругата и љубовта на Новак од средношколските денови, денес е една од најдобро облечените Србинки, а нејзиниот моден вкус, убавина и образование одамна ги забележала Ана Винтур. Затоа во 2013 година ѝ посветила дури три страници во „модната библија“.
Имено, Јелена се појави во рубриката „It Girl“ на списанието „Vogue“, кога позирала во син горен дел потпишан од британската дизајнерка Викторија Бекам, тегет бела јакна и портокалово здолниште од Филип Лим.
Во написот се изразува восхит за стилот на директорката на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, а вниманието на „Vogue“ особено го привлекол пругастиот балски фустан на Јелена од хуманитарната гала-вечера одржана во Лондон.
„Речиси и да немам време за шопинг. Познатите личности во изјави за медиумите секогаш зборуваат за автомобили, облека и накит, но тоа е ништо во споредба со шансата да се обединат луѓето и да им се помогне на сиромашните деца во Србија“ изјави тогаш Јелена за „Vogue“.