„Ладниот“ Кол во невидено издание: Палмер беснееше на себичниот Џексон

Дерби

09/07/2025

12:20

434

Големина на фонт

а а а

Кол Палмер го доби прекарот „Колд Палмер“ (ладниот Палмер) поради начинот на кој мирно ги доживува сите случувања на теренот, но вчера видовме дека и ѕвездата на Челси знае да се изнервира и да реагира бурно по лош потег на негов соиграч.

Челси го победи Флуминенсе со 2:0 и се пласираше во големото финале на Светското клупско првенство, меѓутоа напаѓачот Џексон во една ситуација изреагира максимално себично, а тоа предизвика очигледна нервоза кај Палмер.

Кол беше осамен во шеснаесетникот и чекаше топка која сигурно ќе завршеше во празната мрежа, но наместо тоа, Џексон реагираше доста себично и сам ја заврши акцијата.

Истата заврши без постигнат гол, а Палмер жестоко реагираше и гласно му замеруваше на својот колега од нападот.

Овој момент се случи во 80-та минута при резултат 2:0, па промашувањето на Џексон не влијаеше негативно врз исходот на натпреварот.