Гонсало Гарсија беше принуден стартер на почетокот на Светското клупско првенство, но како што одминува турнирот, така младинецот се почесто покажува дека заслужено се најде во почетните 11 на сите досегашни пет натпревари.
Младиот напаѓач има биланс од четири погодоци и една асистенција на одиграните пет меча, а во пресрет на полуфиналето со ПСЖ, постои можност тој да се најде на клупата за резерви.
Враќањето на Килијан Мбапе може да го остави без стартерска позиција, но Предраг Мијатовиќ го советува Чаби Алонсо да не прави таква грешка и на клупа да го испрати Винисиус Жуниор.
– Гонсало или Мбапе против ПСЖ? Зошто не и двајцата во стартниот тим? Јас би играл без Винисиус во почетните 11. Гонсало е во страшна серија и би било грев сега да го оставиме без настап. После сè што покажа и направи за тимот, заслужува да биде стартер и против ПСЖ.
– Јас би ги ставил Гонсало и Мбапе во нападот, ова е турнир на кој можат да се испробуваат работи. Винисиус е фантастичен играч, но Чаби не треба да измислува топла вода со враќањето на Мбапе и гол-серијата на Гонсало и сигурен сум дека нема да го прави тоа, – изјави Пеџа во свој стил.