Килијан Мбапе имаше доста проблеми при пристигнувањето во САД и извесно време беше надвор од стројот на Реал Мадрид, па како последица на стомачни проблеми кои ги имаше со денови, Французинот ги пропушти првите три натпревари кои се играа во групната фаза.
Реал Мадрид во прв момент пренесе дека Французинот има стомачен вирус, но сега угледниот „Лекип“ открива дека проблемот бил доста посериозен, а токму поради тоа напаѓачот беше и хоспитализиран.
Според извори на францускиот медиум, Мбапе не се чувствувал добро уште од самото тргнување од шпанската престолнина, а веќе во САД состојбата му се влошила.
Поради зачестената дијареја, првично во Реал Мадрид неговиот случај се водел како стомачен вирус, но „Лекип“ сега обелоденува дека Мбапе всушност мал бактериско труење од пилешко месо.
Тоа било утврдено за време на хоспитализацијата во САД, а бидејќи опоравувањето одеше доста бавно, Мбапе во целиот тој процес загубил цели шест килограми.
Намалената килажа можеше да се воочи уште за време на првиот меч кој го одигра Мбапе против Јувентус, па во овој момент е под посебен режим за враќање на килажата и загубената мускулна маса.