Жоао Педро на најдобар можен начин го искористи првиот старт како напаѓач на Челси, но судбината посака да има блесок против клубот од кој направи трансфер во Европа.
Флуминенсе вчера гледаше како дете од младинската школа му пресудува во полуфиналето на Светското клупско првенство, па во ситуација кога Бразилецот не ги славеше мајсторските погодоци, по натпреварот пристигнаа честитки и од противничкиот табор.
Тиаго Силва како капитен на Флуминенсе и поранешен стопер на Челси имаше збор за новото летно засилување на Челси, за кое вели дека тој имал големо мислење уште пред две години.
– Ова дете е специјално и имам голема приврзаност кон него. Пред извесно време, им го препорачав на луѓето кои се грижат за мојата физичка подготовка. Претходно, се имав соочено со него во неколку наврати додека бев во Челси, а тој се уште беше во Вотфорд. Имаше два добри натпревари против нас и си помислив „Ова дете е специјално“.
– Не очекував да биде толку инспириран против Флуминенсе, но испрати извонредни шутеви и постигна два гола. Нашето дете не исфрли од вака важно натпреварување, но му посакуваме среќа во тоа што следи. Знам дека Челси може да игра добро и во финалето, без разлика со кој ќе се соочи на завршниот меч. Ако тоа биде со ПСЖ, моето срце ќе биде поделено, но ако игра против Реал, со цело срце ќе навивам за Челси. Сега е време да ги кренеме главите и да му посакаме среќа на Педро во финалето, – изјави Силва.