Јувентус по секоја цена сака да се ослободи од најплатениот играч во првиот тим

Дерби

09/07/2025

11:16

186

Големина на фонт

а а а

Игор Тудор е цврсто решен да добие нови решенија во нападот за новата натпреварувачка сезона, па покрај Коло Муани за кого клубот преговара нова позајмица или трансфер, великанот од Торино веќе го договори Џонатан Дејвид кој пристигна како слободен агент.

Ова се првите активности кои Јувентус ги презема во раната фаза од летниот преоден рок, но според италијанските медиуми, сега следат најсложените денови, бидејќи пред да се тргне по потрага на уште еден напаѓач, клубот сака по секоја цена да се ослободи од Душан Влаховиќ.

Србинот не е во плановите на новиот тренер на Јуве и веќе му е соопштено дека нема да има минутажа, па иако важи за убедливо најплатен играч во првиот тим, целта на клубот е да го ослободи и да го направи слободен агент веќе овој месец.

Според последните најави од Италија, Јувентус на закажаниот состанок со претставниците на Влаховиќ има во план да предложи мирољубив раскин на договорот, бидејќи ако не дојде до тоа, двете страни ризикуваат да си нанесат голема штета.

Јувентус ќе мора да исплати 12 милиони евра ако Влаховиќ ја одработи последната година од договорот, но од друга страна, Душан може да ја мине цела сезона на трибините и да загуби драгоцен 12 месеци од кариерата во клуб кој не смета на него.

Во овој момент, луѓето од Јувентус гледаат на раскин на договорот како најдобра опција за сите, што доволно говори дека клубот е решен да се остане без било каква заработка од фудбалерот за кого плати 70 милиони евра.