Експедицијата на Реал Мадрид имала доста непријатности на пат кон Њујорк и стигнала четири часа подоцна од предвиденото, сето тоа како последица на електрично празнење во Мајами, како и лоши временски услови во близина на Њу Џерси.
Стручниот штаб и играчите на Реал најпрво полетале два часа подоцна од предвиденото поради бурата во Мајами, но неудобноста продолжила и во авионот, од едноставна причина што леталото во неколку наврати кружело околу Вирџинија и Њу Џерси, пред да добие дозвола да слета во Њујорк.
Реал Мадрид како клуб уште за време на летот ја информирала ФИФА дека ќе има големо задоцнување од нивна страна на закажниот прес, но подоцна станало јасно дека е невозможно да се одработат стандардните обврски во најавата за полуфиналето со ПСЖ.
„Кралевите“ добиле дозвола од Светската Федерација да ги откажат сите активности пред натпреварот, се со цел добро да се одморат за вечерашниот меч кој следи.
Покрај стандардниот прес и обврската кон новинарите, Реал Мадрид го откажа и предвидениот последен тренинг.