Јокиќ го информирал Денвер дека нема да потпише договор ова лето!

Дерби

09/07/2025

11:03

153

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ остана без МВП титулата изминатава сезона, но според голем дел од јавноста, српскиот кошаркар и натаму е најдобар играч во НБА лигата.

Ѕвездата на Нагетс го покажува тоа со константните изданија кои ги прикажува со години наназад, па иако Денвер како франшиза реши да му ја исполни желбата и да режира неколку важни промени ова лето, сепак Србинот донел одлука која носи дополнителен притисок за луѓето од Колорадо.

Како што јавува угледниот „Денвер Пост“, Јокиќ ја одбил понудата која ја имал на маса и ги известил одговорните луѓе дека нема да потпише нов договор ова лето, што од една страна е финански мотивирано, но од друга, носи и тежина со која ќе мора да се носат одговорните лица за спортскиот проект, но и новиот тренер.

Со овој потег, Јокиќ го задржува правото следната година да добие „супермакс“ договор вреден 292 милиони долари (80 милиони долари повеќе од ова лето), но истовремено, Србинот во наредните 12 месеци ќе може мирно да суди и проценува во кој правец ќе тргне проектот на Нагетси.

Денвер ќе мора да се носи со притисокот во новата натпреварувачка сезона, бидејќи после оваа одлука, ќе мора да му докаже на својата најголема ѕвезда дека проектот е вреден за да остане во Колорадо.