Здрава намирница со која старите Грци ги хранеле спортистите, а Римјаните војниците – го регулира шеќерот во крвта, го намалува холестеролот...

Точка

09/07/2025

10:02

2.598

Големина на фонт

а а а

Кога ќе се сетите на јачменот, можеби прво нешто на кое ќе помислите е пивото. И, тоа не е погрешно, јачменот е една од главните состојки на многу пива, но оваа житарка заслужува многу повеќе внимание и во кујната.

Јачменот е една од најстарите житарки која се одгледувала во светот.

Се користела уште пред повеќе од 10.000 години, а ја одгледувале во Месопотамија и стар Египет.


Била толку важна што старите Грци ја користеле како основна храна за спортистите, а Римјаните ја давале на војниците.

Во средниот век пак, јачменот се сметал за храна за сиромашните, додека пак пченицата за богатите.

Во прехраната најчесто се користи излупен јачмен (каша од јачмен) затоа што побрзо се вари и помек е за јадење. Јачменот изобилува со растителни влакна, особено со бета-глукани кои се познати по тоа што помагаат во намалување на холестеролот и регулирање на шеќерот во крвта.

Освен тоа, јачменот содржи доза протеини, железо, селен и магнезиум.

Уште една предност кај јачменот е тоа што тој е одличен „носач“ на вкусови – впива зачини и сокови од зеленчукот, што го прави идеален за варива и летни јадења кои се подготвуваат во тенџере.


Кога се вари, може да стои во фрижидер и неколку дена, а вкусот му останува еднакво добар како кога е свеж.

Јачменот со причина преживеал илјадници години, тој е евтин, заситува, нутритивно е богат и одлично се комбинира со зеленчук, месо и летните рецепти.