[ВИДЕО] Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Макфакс

08/07/2025

18:54

368

Големина на фонт

а а а

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.

Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.


Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.

МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.