Усвоена стратегија за соработка на Владата со невладиниот сектор 2025 – 2028

Макфакс

08/07/2025

15:26

147

Големина на фонт

а а а

Денес на владина седница беше усвоена Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028.

Стратегијата 2025–2028 е фокусирана на две приоритетни области: создавање поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество, како и зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации и јавните институции.

„Овој документ е резултат на заедничка посветеност и отворен дијалог – почнувајќи од јавниот повик во ноември 2024 година, заедничката работна група со граѓанските организации, консултациите преку платформата ЕНЕР,  јавните расправи со поддршка од Центарот за ресурси за граѓански организации, па сè до интегрирањето на препораките и коментарите добиени од пошироката граѓанска заедница и институциите. Позитивната оценка дадена од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество го потврдува квалитетот и посветеноста зад овој документ“, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење.

Од таму додаваат дека оваа стратегија не е само формален документ – таа е конкретна заложба за зајакнување на улогата на граѓанското општество во демократскиот живот на нашата земја.