Петрушевски: Мартин Костовски, Марјан Даскаловски и Горан Герасимовски не може да бидат иднина, само минато

Макфакс

08/07/2025

12:34

182

Големина на фонт

а а а

Мартин Костовски, Марјан Даскаловски и Горан Герасимовски не можат да бидат иднина, само минато, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Мартин Костовски како пратеник беше извршител на сите наредби на Заев и Ковачевски, тој ги гласаше сите штетни договори и ја уназади државата. Куманово не смее да падне во рацете на Костовски. Марјан Даскаловски е човекот кој е десна рака на Заев за изборен криминал и корупција во Струмица. Со Даскаловски ќе остане пашалак на Заеви и Филипче. Горан Герасимовски кој аздисано троши народни пари, плаќа скапи адвокати и фрла пари на гориво со налози без основни податоци, на општина Центар гледа како на приватна ризница“, рече Петрушевски.

Додаде дека тројцата се продолжената рака на Заев и Филипче и сите се луѓе на врвот на СДСМ, а не на народот.