[ВИДЕО] Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

Макфакс

08/07/2025

11:47

1.536

Големина на фонт

а а а

За пожарот којшто во неделата околу пладне изби покрај магистралниот пат кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се појавуваат нови индиции дека е подметнат, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Најпрво, на местото на избувнувањето на овој пожар можев да видам дека линијата на огнот е многу широка како за пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара. Денеска утрово, додека пожарникарите работеа на негово догаснување, најдоа на неколку места дрвени палети, претходно најверојатно намачкани или прелиени со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да го реактивира овој пожар, којшто е под контрола“, кажа Ангелов.

Тој апелираше до граѓаните доколку забележат сомнително однесување веднаш да пријават на бројот 112.

Ангелов кажа дека ниту еден манастир или црква не биле во непосредна опасност во вчерашниот пожар, ниту пак дека изгореле три куќи од село Чучер.