Пари Сен Жермен го победи Баерн Минхен со 2-0 во борбата за место во полуфиналето на Светското клупско првенство и тоа во меч во кој се случија многу работи, а меѓу нив беше и тешката повреда на Џамал Мусиала.
Мусиала заработи скршеница на левата нога по еден дуел, судир со Џанлуиџи Донарума во завршницата на првото полувреме. Имаше доста кои ги критикуваа Донарума за неговиот потег, критики пред се од таборот на Баерн, но повеќе од јасно е дека Италијанецот немаше никава намера да му направи штета на противникот.
- Потресен сум од она што се случи. Никогаш намав намера да го повредам Мусијала, - истакна Донарума за „Газета Дело Спорт“.
Зад голманот застана и неговиот агент Енцо Раиола.
- Прашање е за дел од секундата. Потребен е само еден момент за цврстата одбрана да се претвори во грешка. Џиџо прв стигна до топката и повеќе не можеше да го избегне судирот. Не е фер да се мисли дека имал намера да му наштети на Мусијала, на кого му посакува брзо закрепнување и се надева дека ќе се врати посилен на теренот.
- Тој не сакаше да се преправа дека ништо не се случило. Џиџи е многу чувствителна личност. Не можеше да поднесе да остане таму и претпочиташе да си замине за да можат лекарите да му помогнат на Мусијала. Кога стигна во соблекувалната, дури и го вклучи мобилниот телефон, кој обично го исклучува еден час пред натпреварот, а го вклучува по натпреварот. Ми испрати порака дека е потресен и дека тоа не било намерно, - рече Раиола.