Не попушта топлотниот бран, температурата над 40 степени

Нетпрес

08/07/2025

08:35

293

Големина на фонт

а а а

И во вторникот на територијата на Македонија ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).

Утринските температури се движат во опсегот меѓу 13 и 18, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 30 до 42 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 42 степена.