[ФОТО] Нашите генијалци: Со 3 сребрени и 1 бронзен медал се вратија учениците од Ѓорче од меѓународниот натпревар „Математика без граници’’

Макфакс

07/07/2025

16:27

529

Големина на фонт

а а а

Учениците од Општина Ѓорче Петров постигнаа извонреден успех на меѓународниот натпревар „Математика без граници“, кој по 12-ти пат се одржа во Несебар, Бугарија. На натпреварот на кој имаше 1200 учесници од 13 држави, учениците од Ѓорче се вратија со три сребрени и една бронзена медала – резултат што претставува особена гордост за Општина Ѓорче Петров и целата македонска јавност.

Македонскиот тим, предводен од наставничката Анкица Спасова – професорка по математика од Ѓорче Петров, го сочинуваа учениците Јана Спасова од ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје и Анамарија Дафчева, Михаил Лалевски и Андреа Кулевска од ООУ „Тихомир Милошевски“ – Скопје.

Во рамки на денешната посета на кабинетот на градоначалникот, учениците и наставничката разговараа за тоа како Општината би можела и во иднина да придонесе кон дополнително подобрување на условите за учество на меѓународни натпревари од ваков тип.

По повод успехот, градоначалникот Александар Стојкоски истакна: „Чувствувам особена гордост и благодарност што во Ѓорче Петров имаме вакви ученици и наставници. Ова е уште една потврда дека вложувањето во образованието дава резултати. Ќе продолжиме посветено да ги поддржуваме младите таленти и нивните ментори, бидејќи тие се темелот на едно здраво и просперитетно општество.“

Со огромна гордост и радост го споделуваме успехот на младите умови од Општина Ѓорче Петров, кои со огромен успех ја...

Posted by Александар Стојкоски on Monday, July 7, 2025