Видеолотарија Касинос Австрија – горд спонзор на концертот „Од МОБ за Скопје“

Точка

07/07/2025

12:44

154

Големина на фонт

а а а

Со особено задоволство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поддржа реализацијата на концертот „Од МОБ за Скопје“, одржан во чест на 200-годишнината од раѓањето на еден од најголемите светски композитори – Јохан Штраус.

Ова значајно културно случување, организирано од Амбасадата на Република Австрија во Скопје, се одржа во саботата на 5 јули, под отворено небо пред Националната опера и балет. Во вечер исполнета со музика, оркестарот на МОБ под диригентската палка на Винсенз Праксмарер и врвните солисти Бригита Симон и Иван Наумовски, ѝ приредија на публиката вистинско музичко доживување – патување низ најпознатите валцери, маршеви и арии на Штраус.


Поддршката на културните настани е клучен сегмент од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија, насочена кон поттикнување на уметноста и збогатување на културниот живот во земјава. Преку ова спонзорство, ја потврдуваме нашата заложба за поддршка на вредностите што културата ги носи во едно општество – убавината, инспирацијата, духовноста и заедништвото.


Видеолотарија Касинос Австрија ќе продолжи активно да вложува во иницијативи што го збогатуваат општеството и го поддржуваат културниот развој на Македонија.