Први детали од ужасот во Шпанија: Возилото на Жота излетало и се запалило, горела и вегетација покрај автопатот

Дерби

03/07/2025

11:37

687

Големина на фонт

а а а

Угледната „Марка“ беше еден од првите медиуми кои ја пренесоа страшната и трагична вест за смртта на Диого Жота, светски познатиот фудбалер кој за жал рано утрово го загуби животот на 28-годишна возраст.

Ѕвездата на Ливерпул завршила трагично по страшен инцидент на 65-от километар од автопатот А-52 во близина на шпанската провинција Замора, а покрај Диого, во автомобилот бил и неговиот помлад брат Андре кој исто така беше фудбалер.

Двајцата добиле фатални повреди и починале на лице место, а луѓето кои сведочеле на ужасниот настан за „Марка“ откриваат дека автомобилот се запалил од силината на ударот.

Возилото во кое биле двајата Португалци ја пробило заштитната ограда и излетало од автопатот, а покрај возилото, горела и дел од вегетацијата во близина на немилиот настан.

Жота имаше 28 години и со години важеше за важен фудбалер во првиот тим на Ливерпул, а трагедијата е уште поголема ако се знае дека Диого пред само две седмици стапи во брак и направи свадба со својата избраничка.