СДСМ денес, повторно и очајно, се обиде да ја маскира сопствената безидејност и внатрешна распаднатост со кукавички, плиток и патетичен напад врз Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакнува портпаролот на партијата Никола Мемов.
Според него, прес-конференцијата на нивниот гласноговорник, Мартин Костовски е неуспешен обид за дефокус по историскиот, силен и масовен Конгрес на Движењето ЗНАМ, кој испрати порака до сите: Македонија се буди, а народот веќе не се плаши!
„СДСМ не може ниту да замисли, а камо ли да организира Конгрес со над 420 делегати, со јасна национална визија и со масовна поддршка од народот. Нивниот “конгрес” би можел да се одржи во поширока канцеларија, затоа што вистинските социјалдемократи одамна ги нема, и народот ги напушта
засекогаш. Тие нè напаѓаат затоа што сме гласни, храбри и исправени. А тие не знаат поинаку освен да служат. На ДУИ. На бегалецот Артан Груби и Васко Ковачевски, на двоецот Заев-Филипче, дечките со златни визи, спремни за бегање“.
Никој нема право да преговара за македонскиот идентитет, вели тој.
Подвлече дека јазикот, историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ не се предмет на преговори.
„Македонија ќе биде членка на ЕУ – но не како народ без име, туку како Македонци со гордост, идентитет и достоинство. Нашиот пат е европски, но нашата душа е македонска.
Човекот што денес зборува од име на СДСМ беше директор на Службен весник кога без потпис и спротивно на Уставот и законите го објави Законот за употреба на јазиците, со што изврши тешко кривично дело – Злосторничко здружување и уривање на уставниот поредок, потсетува Мемов.
Додава дека Костовски без потпис од Претседателот на државата, го објави законот за ратификација на конечната спогодба т.н. Преспански договор.
„Тоа е вистинското лице на овој “патриот” кој тивко, тајно, зад грбот на народот, ги распродаде националните интереси. И за тоа ќе одговара. Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија не бегаме од вистината, туку се бориме за неа“.
Им порача на СДСМ: „Колку и да бегате од предавничката аура, предавничката кожа не се
соблекува“.