Приведена е радовишанка, којаштов возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, соопшти МВР.
Се работи за 19-годишна ддевојка Т.К., која на улицата Самоилова во Радовиш, управувајќи автомобил предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта.
По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.