Барселона се враќа дома по две години

Дерби

25/06/2025

11:23

234

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот великан Барселона официјално го најави кам-бекот, враќањето во својот дом на реновираниот „Камп Ноу“.

Иако се уште ќе траат активностите на „Камп Ноу“ до комплетирање на финалниот производ, Барса ќе може да се врати на стадионот по пауза од две години.

Првиот тест ќе биде на 10 август на „Жоан Гампер“ Купот каде иако не е потврдено се очекува да ги одмерат силите со Комо. Се очекува да се тргне со бројка од 25.000 гледачи според информациите на „Мундо Депортиво“.

10.08.2025, ens veiem a casa!

Posted by FC Barcelona on Wednesday, June 25, 2025

Ќе има специјална програма на активости која ќе биде откриена во наредниов период, меѓутоа она што е најважно Барса се враќа каде што припаѓа откако претходниве две години настапуваше на „Монжуик“.