Adastra и Pakigram го лансираат првиот фитнес подкаст во Македонија: „Pakigram Podcast“ со премиера на 1 јули!

Точка

24/06/2025

17:54

309

Големина на фонт

а а а

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски - Pakigram ги здружуваат силите за да го лансираат првиот фитнес подкаст во Македонија – „Pakigram Podcast“, кој има за цел да ја редефинира домашната фитнес сцена и да внесе нова енергија, мотивација и знаење меѓу љубителите на здравиот живот.

Премиерата е закажана за вторник, 1-ви јули, во 20:00 часот на официјалниот YouTube канал на @PakigramPodcast.

Подкастот ќе донесува ексклузивни разговори со домашни и регионални фитнес тренери, спортисти, нутриционисти, како и инспиративни приказни од луѓе кои го промениле својот живот преку спорт и дисциплина. Ќе се обработуваат теми како што се фитнес трендови, исхрана, ментално здравје и лична мотивација – сето тоа со едноставен пристап.


Не пропуштајте ја премиерата – нова ера на фитнесот почнува со Pakigram.