„Кај мама и тато на работа“ – проект на ЕВН кој ги мотивира најмладите да станат дел од светот на енергетиката

Макфакс

24/06/2025

12:43

124

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија традиционално повторно ги отвори вратите за најмладите веднаш по завршување на школската година. Компанијата преку програмата „Кај мама и тато на работа“, секоја година им овозможува на децата на вработените од Централните оддели и Корисничките енерго центри низ целата држава, да го посетат работното место на своите родители и низ едукативни игри да се запознаат со светот на енергетиката.

Околу 270 деца кои беа поделени во возрасни групи, во текот на денот учествуваа во интерактивни работилници, изведуваа експерименти, а активностите ги заокружија со музичка забава во дворот на ЕВН. Освен едукативниот карактер, работилниците имаат за цел и поттикнување на љубопитноста на најмладите кон техничките науки.

Раководителот на Човечки ресурси на ЕВН Македонија, Фисник Осеку, ги пречека најмладите и им порача дека новата енергија отсекогаш била составен дел од културата на компанијата и дека тие се добродојдени во просториите на ЕВН не само како посетители, туку и како идни вработени.

„Кај мама и тато на работа“ се организира од 2016 година. Во програмата учествуваат децата на вработените на сите компании во рамки на семејството на ЕВН.