Спасовски: Со акробации во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за Кочани

Макфакс

23/06/2025

16:38

107

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата и на нивните семејства, истакна Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Спасовски со реакција за седницата на Комисијата за политика демографија и млади, водена од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се случи груба узурпација на правото на претседаваwe со комисијата од страна на колешката Ласовска со тоа што првично не дозволуваше промена дневниот ред. По нашата реакција дзоволи да имаме предлог со којшто точката на дневен ред од 12 побаравме да биде прва точка на дневниот ред. За жал не добивме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Но исто така не дозволи ниту да се предложи нова точка на дневен ред а тоа знаете дека бараме на секоја седница, точката за т.н. Закон за бранителите.

Во текот на седницата, кога дојде до моментот да се разгледа предлог Законот за заштита на децата седницата беше прекината.

Во изминатиот период имавме постојано барање дека овој Закон е исклучително важен, да помине за да можат да се лиценцираат луѓе односно кандидати кои што сакаат да работат во детска заштита, во градинки. Денеска се случи нешто што покажа дека немала никаква итност во однос на носењето на Законот за заштитта на децата. Но покажа и дека она што треба да е врвен приоритет а тоа за семејствата на загинатите и оние членови на нивните семејства и на лицата коишто се повредени, над 25 во Кочани. Седницата беше прекината и да не се продолжи“, кажа Спасовски.

Според него, воопшто не е јасно, како и зошто пробуваат со такви акробации, на деловнички кршења воопшто да не дојде на дневен ред оваа точка на комисијата.

Спасовски оценува дека нема поважна тема во државата од Кочани, и дека нема поважна потреба од носење на законски решенија отколку законот за настраданите во Кочани.

„Час поскоро треба ВМРО-ДПМНЕ да поддржи и ние очекувавме дека ова ќе биде точка на дневен ред сите заедно ќе ја пратиме пораката на солидарноста, пораката на единството и пораката на подавање на рака на институциите од граѓаните заради тоа што оваа е многу потребна. Ние како пратеничка група инсистиравме да ова законско решение се донесе час поскоро, да определиме финансиски средства кои ќе бидат доделени на семејствата.

Меѓутоа очигледно дека тоа не е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ приоритет да се именуваат услови за директори за да можат да бидат поставени на одредени функции, веројатно приоритет е нешто друго во однос на трошењето на парите за набавки за папаја, за манго, итн за владините службеници. А не е приоритет одредување на финансиии и законско решение со коешто ќе се помогне на настраданите во Кочани“, заклучи Спасовски.