Во понеделникот на територијата на Македонија ќе преовладува сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат во опсегот меѓу 10 и 18, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 25 до 36 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.