Чаби Алонсо открил кога очекува камбек на Мбапе во тимот на Реал

Дерби

22/06/2025

09:47

309

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид се подготвува за дуелот со Пачука, втор на актуелното Светско клупско првенство, а и на него нема да смета на големата ѕвезда Килијан Мбапе.

Проблемите со стомакот беа причината што Французинот не беше дел од составот за дербито со Ал Хилал, а така ќе биде и на средбата со Пачука.

Мбапе не отпатувал за Шарлот каде ќе се игра натпреварот и останал во клупската база на Флорида, а тренерот Чаби Алонсо информирал кога очекува негово враќање во составот.


– Сега е подобар.

– Пред два дена беше во болница, но се врати и полека му се подобрува ситуацијата.

– Од ден на ден сум се поголем оптимист дека ќе може да настапи против Салцбург, – рекол тренерот на Реал, алудирајќи на третото коло во групната фаза.