Џабари Паркер две години во Партизан

Макфакс

21/06/2025

16:20

189

Големина на фонт

а а а

Џабари Паркер наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан. Српските медиуми тврдат дека некогаш вториот пик на драфтот, договорил две годишна соработка, за која ќе добие вкупно пет милиони евра.

Џабари Паркер има 30 години, висок е 203 сантиметри, роден е во Чикаго и пред да дојде во Европа играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон. Изминатите две сезони играше во Барселона две сезони.

Откако за наредната сезона Барселона потпиша договор со Торнике Шенгелија, Паркер и Каталонците спогодбено се разделија.

Минатата сезона, во дресот на каталонскиот тим, имаше 13,8 поени и четири скока по натпревар во Евролигата. Паркер беше прогласен и за член на втората најдобра петорка на АЦБ лигата оваа сезона.