Летен десерт којшто не треба да се пече: Овошната „Лејди Ди“ торта е совршена за топлите денови

Точка

20/06/2025

15:45

747

Големина на фонт

а а а

Без оглед на тоа дали сакате да се засладите или имате најавени гости, оваа торта ќе ги исполни сите ваши очекувања.

Слатките кои се прават од овошје и кремаст фил дефинитивно се број еден во многу од домовите, а особено во текот на летните денови.

Доколку и вие сакате на своето семејство да му направите некој вкусен десерт, а притоа да не ја вклучите рерната, тогаш оваа торта е идеална за вас.

Популарната Лејди Ди торта е вистински рај за непцата, се служи ладна, директно од фрижидер и е повкусна и од сладолед.

Состојки:

- 350 грама шеќер;
- 3 пудинзи од ванила;
- 7,5 децилитри млеко;
- 1 путер;
- 300 грама бисквити;
- 300 грама мелени ореви, лешници или кокос;
- 4-5 банани;
- 500 милилитри слатка павлака.


Подготовка:

Сварете го пудингот со шеќерот и млекото. Изматете го путерот додека не стане кремаст. Додадете ги искршените бисквити, исечканите банани и 300 грама јаткасти плодови по избор и добро соединете ги со путерот.

Смесата ставете ја на подлога за торта и обликувајте ја по желба. Врз базата ставете го изладениот пудинг, рамномерно.

Изматете го шлагот, па премачкајте ја тортата и украсете ја, оставете ја во фрижидер да се стврдне. По желба горе може да додадете рендано чоколадо или чоколадни трошки.

На здравје!