Јунајтед ги поскапи билетите по катастрофалната сезона, фановите бесни: Уште една шлаканица за нас

Дерби

19/06/2025

13:20

401

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед зад себе остава катастрофална сезона со резултати какви што не паметат голем број фанови на овој клуб, но раководството не се откажа од идејата да ја поскапи цената на билетите за „Олд Трафорд“.

Најавите се дека од цената од 66 фунти, најскапиот билет за натпреварите на „црвените ѓаволи“ сега ќе достигне 97 фунти, а клубот решил да ги групира цените на билетите во четири нивоа, односно според значењето на противникот, односно натпреварувањето.

Конкретно, најевтините билети изнесуваат 37 фунти и со нив фановите може да го гледаат гостувањето на Сандерленд и Волвс, а најскапи се билетите за пресметките со екипи како Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити.

– По она што ни се случуваше минатата сезона, мислевме дека клубот ќе ја ревидира својата одлука и ќе се откаже од новиот модел кој подразбира големо поскапување на цените на билетите за фановите кои сакаат да ги следат сите натпревари.

– Ова е уште една шлаканица во лицето на сите фанови на Манчестер Јунајтед.

– Клубот не се консултираше со претставниците на навивачите, а она што не го разбира е дека следната сезона ќе му треба обединета база на фанови, а не поскапи билети со кои ќе се влоши атмосферата на трибините.