Трамп им постави незгодно прашање, играчите на Јувентус мораа да добијат помош од Комоли

Дерби

19/06/2025

12:11

1.644

Големина на фонт

а а а

Јувентус дебитираше на Светското клупско првенство со убедлива победа над Ал Аин, а неколку часа порано делегација на италијанскиот клуб имаше можност да се запознае со американскиот претседател Доналд Трамп.

Претставници на „бјанконерите“ предводени од највлијателниот човек во клубот, Џон Елкан имаа прием во Белата куќа, а Трамп во еден момент ги стави своите гости во непријатна позиција.

Откако помина фазата на запознавање, поздрав со американските фудбалери (МекКени и Веа) и краткото обраќање кон медиумите, Трамп ги прашал присутните дали во нивниот тим смее да се приклучи жена.

Американскиот претседател очигледно сакал да поентира на темата за трансродови спортисти во која е директно инволвиран, но никој од гостите не собра храброст да одговори, се додека не стигна дипломатскиот одговор од генералниот менаџер Демиен Комоли.

– Ние имаме и одличен женски тим. Тие се шампиони на Италија, – одговорил Комоли, на што Трамп повторно потенцирал „но, тие треба да се натпреваруваат против жени“ и решил да ја промени темата.