Ливерпул го собори клупскиот трансфер рекорд за Вирц, планира такво нешто и за трансфер на еден напаѓач

Дерби

19/06/2025

13:18

302

Големина на фонт

а а а

Раководството на Ливерпул веќе го договори пристигнувањето на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, а додека се чека промоцијата на Германецот, новиот англиски шампион може да комплетира уште еден ултра финансиски тежок трансфер.

Медиумите на островот шпекулираат дека Ливерпул по секоја цена сака да го доведе Александер Исак во своите редови и за тоа ќе му плати деветцифрена сума на Њукасл.

Договорот со Вирц е тежок 116 милиони фунти со вклучени бонуси, што е нов клупски рекорд, а најавите се дека за Исак може да биде платено и нешто повеќе, се со цел да се убеди Њукасл да даде позитивен одговор за овој трансфер уште во текот на летото.

Доаѓањето на Исак и дефинитивно ќе значи збогување со Дарвин Нуњез за кого нема да има место во тимот на Арне Слот, а Ливерпул со неговата продажба ќе успее да врати дел од инвестираните пари во шведскиот репрезентативец.

Во овој преоден рок Ливерпул е посебно агресивен и веќе ги договори Вирц, Керкез и Фримпонг, а Исак би бил дополнително засилување во нападот и нов офанзивен партнер на Мо Салах.