Венко Крстевски и СДС се режисери на агресијата и поделбите во Кочани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

19/06/2025

16:44

150

Големина на фонт

а а а

„Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот? Дали најголемите поддржувачи на Аки Акиов го користат за со насилство да ја водат општината! Заслепени од привремената власт, в.д. градоначалникот Венко Крстевски и СДСМ – изгледа дека и се режисери на агресијата и поделбите во Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

„’Казна’ за негласање соработка со осуденик и лице на црната листа на САД, стигнува преку советник насилник кому токму тие му даваат безрезервна поддршка.

Дополнително СДС шири говор на омраза и дезинформации по социјални мрежи. Сето тоа за да задржат привремена фотелја. На сметка на мирот, достоинството и демократијата во Кочани.

Кочани не е заложник на вашата политичка немоќ! Бараме веднаш оставка од Венко Крстевски. Бараме јавно извинување од СДСМ за поддршката на насилство и хаос. Кочани – ќе си го врати гласот и достоинството. Секој ден. Секојпат. Без страв“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани.