[ВИДЕО] Ракетата „Спејс Икс“ на Илон Маск експлодира за време на тестирањето

Макфакс

19/06/2025

10:59

633

Големина на фонт

а а а

Ракетата на компанијата „Спејс икс“ која беше тестирана во Тексас експлодира, а извршниот директор Илон Маск објавил дека нема опасност во безбедносната зона околу таа локација.

Компанијата денеска соопшти дека тоа се случило додека леталото се подготвувало за својот десетти пробен лет на лансирањето во јужен Тексас.

„За време на целата операција, се одржуваше безбедносна зона околу локацијата и целиот персонал е безбеден“, соопшти „Спејс Икс“ на социјалните мрежи.

Тие побараа од луѓето да не се обидуваат да се приближат до локацијата.

Компанијата најави и дека соработува со локалните власти.