Конор МекГрегор често знае да има проблеми со законот поради своето неадекватно и агресивно однесување надвор од боречкиот октагон, па сега постојат големи шанси славниот Ирец повторно да заврши на судска маса.
Славниот УФЦ шампион очигледно е дека не знае да ги контролира своите емоции кога ќе дојде до конфликт со обичниот свет, а фактот што најчесто користи прекумерна сила му носи и кривични пријави и жестоки парични казни.
Англиските таблоиди будно го следат однесувањето на МекГрегор на било која позвучна дестинација, а сега „Сан“ објави видео од негово дивеење во ноќен клуб на Ибица.
Конор често знае да ја посети атрактивната шпанска дестинација за време на летните одмори, но изминатите неколку дена, бил вклучен во немил инцидент во раните утрински часови.
По кратка вербална расправија со друг посетител на ноќниот клуб, Конор почнал да дели тупаници и нокаути, а „Сан“ доби ексклузивно право да го објави видеото снимено со мобилен телефон.
Conor McGregor knocked some dude out at a nightclub in Ibiza 😳
— Happy Punch (@HappyPunch) June 17, 2025
pic.twitter.com/1fMxrkbRLZ