Партизан претрпе неочекуван пораз од ФМП и ќе мора да игра „мајсторка“ за пласман во финалето во кошаркарската Суперлига на Србија, но многу брзо после неуспехот на гостувањето, клубот ги информираше своите фанови за една клучна стратешка цел.
Српскиот великан потпиша нов договор со Евролигата и ќе биде дел од кошаркарската елита најмалку и во следните три години, нешто со што се пофали претседателот на „црно-белите“, Остоја Мијаиловиќ.
– Исполнивме важна стратешка цел на Партизан! Финансиската стабилизација на која работевме со години даде резултат на долг рок.
– Потпишав договор според кој клубот добива тригодишна лиценца за настап во Евролигата. Ова е голем заеднички успех и сакам да им честитам на сите кои учествуваа во тоа.
– Екипата на теренот, спортскиот сектор, Управата, спонзорите, Република Србија, верните навивачи, но и на сите оние кои помогнаа Партизан да стане стабилен тим во Евролигата, – порача Остоја.