Во вторникот на територијата на Македонија ќе преовладвуа сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат во опсегот меѓу 11 и 18, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат од 23 до 35 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.