Ливерпул постави цена: Наполи и Милан добија информација колку пари треба да платат за Нуњез

Дерби

16/06/2025

12:45

227

Големина на фонт

а а а

Дарвин Нуњез е еден од играчите кои се очекува да го напуштат Ливерпул во летниот преоден рок со тоа што премиерлигашот ќе мора да го добие она што го посакува пред да го ослободи напаѓачот.

Иако тој не е во плановите на тренерот Арне Слот, Уругваецот има договор до 2028 година и англискиот првак планира тоа да го искористи во оваа ситуација да заработи убава сума на пари.

Според „Кориере Дело Спорт“, клубот од „Енфилд Роуд“ бара дури 60 милиони евра за Нуњез, сума која реално многу тешко дека ќе ја платат Наполи и Милан, два тима кои се заинтересирани за голгетерот.

Тие имаат напаѓачи како Лукаку и Хименез, ама сакаат да го засилат тој дел од теренот, меѓутоа ако и понатаму притискаат за Дарвин ќе мора добро да го отворат ќесето за да го добијат неговиот потпис.