Усман Дембеле имаше супер сезона со Пари Сен Жермен, година во кој тој беше меѓу лидерите на екипата која ја покори Франција, Европа и сега има цел и амбиција да го покори и светот со славје на клупското првенство.
Дембеле целосно се трансфорираше во ПСЖ или поточно тоа што на крајот го започна во епизодата во Барселона го издигна на повисоко ниво и сега е асот без кој „светците“ не можат да се замислат и сосема заслужено е меѓу главните фаворити за „Златната топка“.
Напаѓачот уште од времето во Рен и потоа Борусија Дортмунд важеше за голем талент, фудбалер кој има знаење, потенцијал, квалитет да одбележи една ера, па иако му требаше време сега веќе е тој играч. Имаше можност да собере искуство, да соработува со топ соиграчи, а еде од нив е Лео Меси за кого Усман смета дека е најголем и го спореди со Мајкл Џордан кој важи за „Бог“ кога е во прашање кошарката.
- Не го знаев Мајкл Џордан, но го гледав „Последниот танц“ и е неверојатно. Да се помисли дека порано немало социјални мрежи, а сепак успеал да ги надмине генерациите. Тоа што го направи со Булс е фантастично.
- Јас пораснав гледајќи ја Барселона, па, секако Лео Меси. За мене, тој е најголемиот. Тој е играч кој ме инспирира, тој е уникатен! Многу сум среќен и горд што играв со него, - вели офанзивецот за Франс Фудбал.