Симоне Инѕаги за првпат во својата тренерска кариера ќе работи надвор од Италија и Европа и тоа во Саудиска Арабија каде ќе го води составот на Ал Хилал.
Иако се изгледаше подготвено за нов договор со Интер по лошата завршница на сезоната и тешкиот пораз од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите дојде до пресврт и Симоне се раздели со калчолигашот, а потоа и потпиша за Ал Хилал.
- Беше комплициран процес на преговори, но ние сме многу среќни бидејќи потпишавме тренер од светска класа, меѓу најдобрите во светот, со докажана стапка на успех и кој секогаш го вадеше најдоброто од екипа која не беше нужно преполна со одлични играчи. Тој не ја освои Лигата на шампионите, но стигна до финалето двапати во три години, - вели Естеве Калзада, човек кој е извршен директор на составот од Ријад.
- Она што го забави и го комплицираше процесот беше тоа што мораше да размисли за тоа, бидејќи многу го сакаше Интер, а особено времето. Со сето должна почит, тој нè замоли да го оставиме да се концентрира на финалето на Лигата на шампионите, за потоа да донесе одлука. Сепак, тоа не беше долг процес. Бевме многу јасни дека Симоне Инѕаги е нашиот прв избор. Она што ме изненади на позитивен начин беше нивото на тренери кои ни ги понудија своите услуги и сакаа да дојдат во Ал-Хилал, кого ќе земевме предвид доколку не бевме во можност да го обезбедиме Симоне, - додаде Калдаза.