Орландо Меџик во последниве сезони одново има своја улога на Истокот, тим кој има свој идентитет и знае да се носи со најдобрите.
Во претходнава кампања повредите на клучните играчи им направија проблеми, меѓутоа стигнаа до плејофот каде во првата рунда загубија од се уште актуелниот шампион Бостон Селтикс.
Желбите и амбициите на составот од Флорида се да напредуваат и кон тоа води и последниот потег, размена што ја направија со Мемфис Гризлис.
Тие успеаа да го добијат еден од најважните играчи на „мечките“, Дезмонд Бејн, а притоа во спротивен правец ги испратија ветеранот Кентавиус Колдвел Поуп, Кол Ентони, четири незаштитени пикови од првата рунда и замена на пик од првата рунда.
Бејн заедно со Банкеро, Вагнер и Сагс треба да бидат главно оружје на Меџик во наредната сезона.
Инаку Дезмонд е еден од тројцата НБА играчи со 800 постигнати тројки и 40% процент на реализација (за тројки) откако е во лигата во 2020 година.
Во претходнава година имаше просек од 19,2 поени, 6,1 скок и 5,3 асистенции.