Алкараз: Сè уште не ми е јасно како го победив Синер

Макфакс

16/06/2025

10:17

205

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека сè уште не му е јасно како успеал да го освои Ролан Гарос.

Минатата недела Алкараз стана третиот најмлад тенисер со пет Гренд слем титули, откако го победи Јаник Синер по пет сета и пет и пол часа игра.

Италијанецот имаше три меч топки при 2:1 во сетови, Алкараз волшебно се извлече, го доби четвртиот сет, а потоа во супер тај-брејкот во петтиот сет успеа да победи.

„Сè уште го гледам мојот телефон, медиумите и ги гледам снимките од дуелот против Синер и како успеав да ги спасам меч топките. Навистина не разбирам како победив. Сè уште сум во шок кога сфаќам што успеав. Сè уште не сум целосно свесен дека сум шампион на Ролан Гарос“, рече Алкараз.

По Париз, тој се упати кон Ибица.

„Беше забавно, три дена и три ноќи. Доволно. Искрено, бев таму повеќе ментално отколку физички. Најлудото нешто што го направив беше што останав надвор многу доцна. Танцував малку, но ништо повеќе од другите“, заклучи Алкараз.

Неговата следна станица е Квинс, каде што ќе биде првиот носител.