„UNIBANK INVITATIONAL 2025“ – Повеќе од турнир, јубилејна прослава на лојалноста и спортот

Точка

16/06/2025

14:52

282

Големина на фонт

а а а

Во сабота на 14 јуни, во атмосфера исполнета со натпреварувачки дух, забава и спортски ентузијазам, УНИБанка го затвори петтиот по ред, јубилеен тениски турнир „UNIBANK INVITATIONAL 2025“, организиран во партнерство со тенискиот клуб АБЦ Мондано.

Овој традиционален настан уште еднаш го потврди пристапот на Банката кон градење силни односи со клиентите преку спорт, дружење и заеднички вредности. Со учество на клиенти, партнери и вработени, турнирот беше исполнет со емоции, натпревари и незаборавни моменти.


Турнирот започна на 9 јуни, а финалните мечеви се одржаа пред повеќе од 200 гости кои со воодушевување ги следеа завршниците. Меѓу присутните беше и г-дин Александар Ивановски, Претседател на Тениската Федерација на Р.Македонија, каде УНИБанка е генерален спонзор. Натпреварите ги следеа и официјални судии и делегат кој се погрижи за регуларноста.

Во женската конкуренција од 16 натпреварувачки, првото место го освои Ана Балевска, победувајќи ја Софка Камилоска.


Кај мажите, Боро Андов триумфираше во силна конкуренција од 42 натпреварувачи, совладувајќи го Дарко Малетиќ во финалето. И машките и женските финалисти беа наградени со инвестициско злато од 5, односно 2 грама.


Со овие спортски денови покажавме дека Банката се грижи за своите клиенти и преку дружења надвор од деловните рамки, а посветеноста кон иновации, транспарентност и градење долгорочни односи со клиентите остануваат наша трајна определба.