Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот Г7, објави „Аксиос“

Макфакс

16/06/2025

09:31

93

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г7, објави „Аксиос“, повикувајќи се на официјален претставник на Белата куќа.

Се очекува Трамп да се сретне и со канадскиот премиер Марк Карни и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.

Последната лична средба меѓу Зеленски и Трамп беше за време на погребот на папата Франциско во април.

Тоа беше нивна прва средба лице в лице по бурниот состанок во Овалната соба во февруари истата година, кога тие жестоко се судрија околу американската помош за Украина и пристапот кон војната со Русија. Средбата во базиликата „Свети Петар“ траеше околу 15 минути и се одржа насамо.

Двајцата лидери го опишаа разговорот како конструктивен и продуктивен, а Зеленски го нарече „најдобриот досега“ од нивните состаноци, истакнувајќи дека, иако краток, бил многу суштински и дека разговарале за целосен и безусловен прекин на огнот и траен мир.

Зеленски нагласи дека Трамп покажал цврст став во врска со санкциите на САД против Русија и дека разговарале за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.