Вештачката интелигенција влегува и во светот на играчките: Компанијата зад Барби склучи стратешко партнерство со "OpenAI"

Точка

15/06/2025

12:31

517

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Mattel" ќе ги вклучи напредните "AI" алатки на "OpenAI", како што е "ChatGPT Enterprise", во своите деловни процеси со цел да го унапреди развојот на производи и креативни идеи, да поттикне иновации и да ја продлабочи интеракцијата со својата публика.

До крајот на годинава, играчките какви што ги познаваме досега можеби ќе станат дел од историјата. Имено, "Mattel", компанијата најпозната по производството на куклата Барби, објави дека склучила стратешко партнерство со "OpenAI".

Според соопштението на "Mattel", договорот предвидува заеднички дизајн, развој и лансирање на „револуционерни искуства за фановите низ целиот свет“. Со користење на технологијата на "OpenAI", "Mattel" ќе внесе магија на вештачка интелигенција во играчките дизајнирани според возраста на корисниците, со силен акцент на иновација, приватност и безбедност.


Компанијата истакнува дека ќе ги интегрира "AI" алатките на "OpenAI", вклучително и "ChatGPT Enterprise", со цел да се забрза развојот на производи и идеи, да се поттикне креативноста и да се зголеми ангажманот на корисниците.

„Секој наш производ и секое искуство е осмислено да инспирира, забавува и да го збогати животот преку игра. Вештачката интелигенција има моќ да ја прошири оваа мисија и да го зголеми досегот на нашите брендови на нови и возбудливи начини. Соработката со "OpenAI" ќе ни овозможи да ги искористиме најновите технологии за да го зацврстиме нашето водство во иновациите и да создадеме нови облици на игра“, изјави Џош Силверман, главен директор за франшизи во "Mattel".


Од компанијата потенцираат дека „секоја вештачка интелигенција вградена во играчки или игри ќе биде користена на безбеден начин“. Првиот заеднички производ се очекува да биде објавен подоцна годинава, но сè уште не е познато дали станува збор за "AI" верзија на некоја од постоечките популарни играчки на "Mattel" или за нешто сосема ново.