Кога еднаш ќе се претплатите на нешто, постои можност дека од таму ќе ви стигаат многу имејлови. Барем на хартија, би требало да биде едноставно да се одјавите од таа услуга. Зошто тогаш не е така?
Опцијата „кликнете тука за да се одјавите“ (unsubscribe) која се наоѓа на дното од многу од имејловите, со текот на времето може да стане безбедносен ризик, предупредуваат експертите.
Корисниците често слепо кликнуваат на таквите линкови во обид да го запрат „спамот“ од пораки, но Кенини од компанијата „DNSFilter“ предупредува дека еден на секои 644 кликови може да доведе до потенцијално злонамерни акции на интернет страницата.
Во неодамнешно интервју, тој нагласил дека корисниците не треба да им веруваат на имејловите кои ги добиваат, па дури и доколку им веруваат на имејл клиентите кои ги користат.
Со клик на линкот за одјава корисниците излегуваат од безбедното, структурално опкружување на својот имејл и влегуваат во отворена страница која останува ризично опкружување полно со опасности поврзани со „спамот“.
На најниско ниво на закана, со кликот „одјави се“, сајбер-криминалците може да дознаат дека имејлот е активен. Еднаш кога корисникот несвесно ќе потврди дека неговата адреса е валидна, напаѓачот може да ги зајакне своите напори низ социјален инженеринг или со некоја друга злонамерна тактика.
Покрај тоа, неконтролираните линкови за одјава исто така можат да ги пренасочат корисниците на „фишинг“ веб-страници кои се дизајнирани со лага да ги крадат лозинките или другите акредитиви за пријавување. Доколку пренасочената страница бара лозинка за одјава, едноставно немојте да пристапите така.