Израел погоди клучен нуклеарен реактор во својот напад врз Иран. Меѓу нив е и нуклеарниот реактор Натанц, кој е клучен за нуклеарната програма на Иран.
Во раните утрински часови, според информациите од иранската државна телевизија, објавени од Ројтерс, се случила нова експлозија во нуклеарниот објект Натанц, околу 225 километри јужно од Техеран. Станува збор за еден од централните објекти за збогатување ураниум во Иран, чија важност за нуклеарната програма на земјата е повеќе пати потврдена и следена од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
МААЕ потврди дека објектот Натанц бил меѓу целите насочени од Израел во неговата последна воена операција и дека е во контакт со иранските власти за да се утврдат можните промени во нивоата на зрачење.
Комплексот Натанц, кој се наоѓа во централната покраина Исфахан, е еден од најважните објекти во нуклеарната програма на Иран. Таму се наоѓаат голем број центрифуги за збогатување на ураниум, вклучувајќи напредни модели што ги користи Иран за да постигне нивоа на чистота на ураниум до 60% – многу блиску до нивото потребно за производство на нуклеарно оружје. Поради оваа причина, Натанц со години е под строг надзор на инспекторите на МААЕ, но исто така е и постојана цел на израелски напади и саботажи.
Објектот е изграден и надграден под земја за да биде поотпорен на воздушни напади, но експлозиите потврдени утрово од ирански и израелски извори сугерираат дека бил погоден и покрај овие заштитни мерки.