Некогаш славна манекенка, а денес синоним за (неуспешни) козметички процедури: Неодамна повторно шокираше со изгледот

Точка

11/06/2025

08:48

1.772

Големина на фонт

а а а

Поранешната британска манекенка Кејти Прајс е синоним за козметички процедури, а неодамна ги покажа резултатите од новиот фејслифтинг (затегнување на лицето).

Имено Прајс шокираше многумина со нејзиното екстремно затегнато лице кога се појави во ново видео за промоција на CBD масло. Исто така поранешната манекенка, која има 47 години, ги загрижи обожавателите и поради нејзиниот слаб изглед, но негираше дека користела инјекции за слабеење.


Со нејзиното најново видео, таа предизвика дебата меѓу корисниците на социјалните мрежи кои го коментираа нејзиниот изглед.

„Навистина се надевам дека ќе престане со операциите“, напишаа тие во коментарите.

Потсетуваме Прајс ја започна својата кариера како манекенка во 90-тите, а потоа се појави во реалното шоу „I’m a Celebrity… Get Me Out of Here!“.


Следната година, таа беше второпласирана на натпреварот за избор на претставник на Велика Британија за Евровизија. Во 2006 година, го издаде својот деби студиски албум „A Whole New World“ во соработка со нејзиниот тогашен сопруг Питер Андре.


Потоа, во 2015 година, таа беше победничка на петнаесеттата сезона на „Celebrity Big Brother“. Во последниве години, го привлекува вниманието на јавноста со козметичките процедури кои целосно го променија нејзиниот личен опис.