Лука Модриќ не престанува да воодушевува на неколку месеци пред да наполни 40 години, но иако е на залезот на својата играчка кариера, партиите кои ги нуди Хрватот не оставаат никого рамнодушен.
Во најавата за последниот турнир кој ќе го одигра со Реал Мадрид на Светското клупско првенство, Модриќ имаше добро загревање на натперварот со Чешка, бидејќи најпрво постигна гол, а потоа и ја заокружи брилијантната партија со магично додавање.
Модриќ режираше потег во стилот на својот поранешен соиграч Тони Крос, бидејќи во 75-та минута директно му посочи на Крамариќ каде треба да се движи за да добие „топка со очи“.
Лука мајсторски навлече двајца противници и го проигра напаѓачот со послабата лева нога, по што офанзивниот фудбалер ги постави конечните 5:1.
Оваа ситуација неверојатно потсети на импресивното додавање кое го имаше Тони Крос до Винисиус Жуниор пред една година, она на „Алијанц арена“ против Баерн Минхен.
Видеото погледнете го ТУКА.
Видеото кога Модриќ покажува со прст погледнете го ТУКА.





