[ФОТО/ВИДЕО] Најпознатиот ТикТокер во светот протеран од САД? Веста ја објави пријател на синот на Трамп

Точка

09/06/2025

21:01

1.129

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот инфлуенсер со сенегалско потекло, Каби Ламе, кој има повеќе од 162 милиони следбеници на "TikTok" и е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, е протеран од САД.

Американската служба за имиграција и царина (ICE) разјасни што точно се случило со инфлуенсерот Каби Ламе, откако гласините за негово апсење се проширија во текот на викендот.

Шпекулациите започнаа рано во саботата, кога Бо Лаудон, кој се претставува како најдобар пријател на Барон Трамп, на социјалните мрежи објави дека лично е одговорен за апсењето на Ламе.

Веста брзо се прошири низ интернетот, по што реагираше и "ICE" со официјално соопштение во кое појасни што точно се случило со најследениот ТикТокер во светот.

 


„Доброволно“ ја напуштил Америка

Ламе, кој има италијанско државјанство, бил накратко приведен во петокот на меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас, поради престој над дозволениот рок на визата. Истата вечер бил пуштен и „доброволно“ ги напуштил САД.

"ICE" потврди дека неговата виза истекла, што било причина за краткотрајниот притвор. Ламе (25), еден од највлијателните инфлуенсери во светот, пристигнал во САД на 30 април.

Со преку 162 милиони следбеници на "TikTok", Ламе стекна глобална слава за време на пандемијата благодарение на своите кратки, неми видеа со „лајф хакови“. Препознатлив е по специфичните гестови со рацете и безизразниот поглед, со кои саркастично ги исмева комплицираните туторијали на интернет.


Од механичар до глобална сензација

Роден во Сенегал, Ламе живее во Италија од детството и италијански државјанин стана во 2022 година. Претходно јавно зборуваше за тешкотиите при патувања со сенегалски пасош, особено при аплицирање за американски визи, поради што пропушти неколку значајни настани.

Својата инфлуенсерска кариера ја започна во 2020 година, откако остана без работа како фабрички механичар. Идејата за содржината му дошла додека шетал низ населбата Кивасо, во близина на Торино, каде живеела неговата фамилија.

Видеата му станаа вирални, а од јуни 2022 до септември 2023 година заработил околу 16,5 милиони долари преку маркетинг договори со големи компании, според "Forbes".

Јавноста збунета, Ламе во Канада

Инцидентот со американските имиграциски власти се случи во време кога во Италија се води политичка дебата за скратување на потребниот период за стекнување државјанство за државјани од земји надвор од ЕУ – од 10 на 5 години.

Првичната вест за апсењето подоцна се покажа како погрешна, а дополнителна конфузија се јави бидејќи во исто време кога Лаудон тврдел на "Икс" дека Ламе е уапсен, самиот ТикТокер објавувал "Instagram Stories".

Набрзо потоа се повлече од мрежите, но неговото име сè уште фигурираше на листата гости за хуманитарен фудбалски натпревар во Мајами.

Италијанската амбасада подоцна потврди дека Ламе во моментов се наоѓа во Канада, целосно демантирајќи дека бил задржан или уапсен.